СДСМ и Анѓушев немаат одговор на прашањата кои ги имаат граѓаните за низата скандали од невидени размери во кои е вмешан вицепремиерот за економски прашања.

Анѓушев мора веднаш да одговори дали единствената причина поради која стана дел од владата на СДСМ е да добива тендери и привилегии за да го отплати енормниот долг од 26 милиони евра кон своите доверители?

Анѓушев, Заев и Тевдовски за 11 месеци ,,сработеа“ 0 проценти раст на БДП за 2017 година, пад на градежништвото како и енормен пораст на корупцијата. Ова се ,,придобивките’’ од животот кој Анѓушев и СДСМ го донесоа за македонската економија.

За разлика од просечниот граѓанин и бизнисмен во Македонија, животот дефинитивно дојде за Анѓушев и неговите компании.

Животот дојде за компанијата на вицепремиерот ,,Фероинвест” која доби тендер од државната компанија ЕЛЕМ во вредност од неверојатни 2.6 милиони евра.

Ветениот живот дојде и за неговата компанија ,,Брако’’ која од владата доби ослободување од царински давачки за увоз на јонско литиумски акумулатори, кои единствено ги користи фирмата на Кочо Анѓушев во Македонија.

Останува и дилемата, која ја интересира јавноста, дали има поврзаност околу лицитирањето со името и продажбата на неговата компанија за трговија со електрична енергија ЕДС на грчкото електростопанство.

Ова се резултатите на работењето на Анѓушев, живот за него, а пекол за граѓаните на Република Македонија. Доколку молчењето е потврда, тогаш Анѓушев одамна требаше да поднесе оставка.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 20:02