Поранешниот шампион во Формула 1, Нико Розберг, на останатите возачи им препорача да внимаваат и да бидат претпазливи во односот кон бранителот на титулата Луис Хамилтон и покрај тоа што имаше лош старт на сезоната.

Хамилтон минатиот викенд заврши на четвртото место на трката за Големата награда на Кина, a според Розберг тоа е знак дека неговиот поранешен клупски колега има проблеми со формата, но додаде дека тоа е една од неговите типични фази после кои шампионот се „буди“.

- Кога не му оди се совршено, го губи ритамот и мотивацијата. Но и во тие ситуации останатите возачи мораат да го дадат својот максимум, бидејќи Луис секогаш се враќа, а кога тоа ќе се случи, тој е практично непобедлив, истакна поранешниот шампион.

Во моментов прв во генералниот пласман е возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој победи на првите две трки сезонава и има 54 бодови, додека на второто место е Хамилтон со 45 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 13:50