Во изминатиот период Премиерот Заев и СДСМ водеа приземна кампања на ниски страсти при што во таа црна кампања играа со чувствата на родителите на убиените деца од Смилковско езеро.

Вистината овие денови излегува на виделина. Ништо не може да биде сокриено, а со тек на време ниските удари и сопствената црна кампања на Заев стануваат неговиот најголем противник.

Таа кампања алудираше дека можеби друг е виновен за убиствата, и дека премиерот Заев ја знае вистината. Откако дојде на власт, единствено што се смени е што осомничените и веќе еднаш осудени, се вратија на одново судење. А вчера и самите родители потврдуваат дека осудените лица чии случаи се на повторно судење се оние кои се, според нив и вистинските виновници, но и слушнавме како истите тие комуницирале со луѓе кои се дел од структурите на власта.

Бидејќи велеше дека се знае сега испаѓа дека Премиерот Заев крие докази и попречува правда. Ова е гласно и јасно изживување со тажните судбини на родителите и со целата јавност правејќи лажна и морбидна политичка пропаганда.

Во суштина пред очи имаме спроведување на тиранската платформа која толку многу ја негираат, а толку ревносно ја исполнуваат луѓето од власта.

Поигрувањето со човечки судбини за политички цели не смее да се дозволи. Потребна е правда, а таа не смее да се попречува за било каква дадена концесија или некаков политички договор чија цел е опстојување на власт.

Кредибилитетот на Зоран Заев и Владата одамна го немаат, и затоа најчесното нешто што тие може да го направат е да си дадат неотповиклива оставка веднаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 14:26