Најпознатата европска банкарска династија Ротшилд веројатно именувала нов претседател на својата семејна инвестициска банка.
Александре де Ротшилд (37) ќе го замени својот татко Давид де Ротшилд (75) на местото генерален директор на банката.
Наследникот ќе биде седма генерација на династијата која ќе владее со оваа француско-британска инвестициска банка, која е основана во 1838 година.
- Промената во раководството на компанијата е внимателно подготвена. Александре, кој има 15 години искуство, покажа големо знаење за сите наши работи, се наведува во соопштението од компанијата.
„Ротшилд груп“ минатиот месец пријави поголема годишна добивка и приходи. Групацијата имала шестмесечен приход од 852 милиони евра. Во неа се вработени околу 2.800 луѓе во 40 земји.