Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Монструозно е поигрувањето со судбината на семејствата на свирепо убиени деца. Зоран Заев го прави токму тоа. Со месеци ги лажеше и манипулираше семејствата на жртвите на масакрот кај Смилковско езеро, обидувајќи се да собере политички поени на туѓата несреќа.

Тој во предизборието во својата политичка кампања тврдеше дека ја знае вистината за случајот „Монструм“. Кога седна во премиерската фотелја, обвинетите се најдоа на слобода, токму како што предвидуваше, тиранската платформа. Нема ништо од доказите кои Заев им ги вети на семејствата и на јавноста, ниту пак се посочува кој ги масакрираше момчињата, доколку тоа не се сега обвинетите.

Зоран Заев мора да се тргне од патот на правдата и да запре со прикривањето на доказите.

Време е Зоран Заев да си замине од власт и семејствата да добијат правда.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 20:53