Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во неговото гостување во емисијата „Топ Тема на Ваша Страна“ во која што дебатираа со Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи истакна дека Планот 3-6-9 кој што го промовираше владата на СДСМ е небулозен, и изобилува со голем број на лажни податоци.

„Добро е граѓаните да знаат за што всушност се работи во планот 3-6-9, Бидејќи сите го немаат прочитано „реформскиот“ план на Владата, а ниту пак го чувствуваат, сакам да им укажам. Има цело поглавје во 3-6-9 кое се вика именување. Првата реформа е продолжување на консултациите со Претседателот на државата за пополнување на испразнетите места во дипломатско - конзуларните претставништва. “ истакна Николоски кој на коментарот од Вицепремиерот Бујар Османи дека тоа е барање на Европската комисија, Николоски додаде дека тоа е во описот и пописот во работните обврски Министерот за надворешни работи и смешно е редовното одење на работа и исполнување на работните задачи да се води како реформа во Република Македонија.

„Во планот 3-6-9 и „суштинските“ реформи предвидено е и избор на јавен обвинител, избор на членови на Уставен суд, избор на членови на Совет на јавни обвинители, именување на лица на раководни позиции преку транспарентна постапка, именување на членови на управните и надзорните реформи во согласност со правната рамка и избор на судии на испразнетите места. Од ова можеме да заклучиме дека тоа што според Закон е работа на Собранието, Владата, Претседателот, министрите, судските и останатите институции во Македонија се вика реформа и после тоа ние имаме само проценти и PR од страна на Владата а суштинско подобрување на животот на граѓаните во практика неможе да се забележи“ додаде Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 11:19