Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Албанците од Македонија се понапредни од сите Албанци во регионот и дека е поразително тоа што поради политиките на Владата и Бујар Османи, Македонија е ставена во ист кош со Албанија, па Бујар Османи мора да одработува за неговиот Албански колега Бушати и Македонија да доцни со Европската агенда.

„ Јас изразив сериозно сомневање дека постои одредена координација и договор помеѓу Бујар Османи и неговиот колега од Албанија Бушати, со цел да двете држави влезат во група во која заедно ќе напредуваат на патот кон Европската Унија. Дали јас бев во право или не покажа Европската комисија преку презентирањето на извештајот и практично го потврди тоа што јас го говорев пред три недели. Сите знаат дека Република Македонија беше далеку поподготвена за отпочнување на преговори со ЕУ од Албанија. Јас и посакувам на Албанија да стане членка на ЕУ што поскоро, бидејчи тоа е добро за регионот. Но во исто време сум заинтересиран каде оди Македонија. Со едно кочење на реформите ние стигнавме во ситуација да сме во пакет. Тоа не е добро ни за Албанците во Македонија“ истакна Николоски.

„Не случајно извештајот на ЕК каснеше два дена. Тоа е поради тоа што неколку земји членки на ЕУ вклучително и Франција имаа сериозни забелешки кон давањето на датум за почеток на преговори на Албанија. Доколку Македонија беше на нивото на спроведени реформи на кое што требаше да биде, јасно ќе можеа да ја направат разликата но тие се доведоа во ситуација или двете да ги одбијат или двете да добијат датум за преговори. И два дена имаше натегање и дилема што Брисел да направи.“



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 12:13