Зоран Заев преку морбидна предизборна кампања си поигра со судбината на семејствата на свирепо убиените деца кај Смилковско езеро.
Зоран Заев ја крие вистината и ја исполнува платформата од Тирана.
Родителите на убиените, јасно кажаа дека Зоран Заев им покажувал транскрипти од разговори помеѓу обвинетите и високи функционери на ДУИ. Тие рекоа дека Заев им тврдел дека поседува информации дека петте телефони кои комуницирале со обвинетите, а се заведени како државна тајна се на високи функционери на ДУИ.
Зоран Заев да престане да бега и да ги изнесе своите сознанија на суд. Граѓаните очекуваат од Заев да престане со морбидно манипуилативната политика и да каже која е поврзаноста на Невзет Бејта и функционери од ДУИ со убиството.
Зоран Заев е должен да даде одговори, во спротивно тој прикрива докази.
Случајот Монструм е жив пример колку СДСМ и Зоран Заев се спремни да одат далеку се само за да ја задржат власта.
Граѓаните очекуваат правдата да излезе на виделина. Овие изживувања, бегања од одговор и одговорност мораат да запрат. Мора да има крај на нечовечно однесување на ова ненародна власт на СДСМ и Заев.