Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на АД ЕЛЕМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Горан Чогеља

АД ЕЛЕМ со паушални соопштенија нема да ги сокрие милионските загуби во претпријатието.

Наместо АД ЕЛЕМ да се занимава со зголемување на производството на електрична енергија и намалување на трошоците на граѓаните за електрична енергија, АД ЕЛЕМ изминатиов период се занимаваше со партиски вработувања на блиски роднини на луѓето од власта.

Раководството на АД ЕЛЕМ пропушти во зимскиот период, кога е период на празнење на хидроакумулациите да изврши производство на струја и празнење на истите со цел хидроакумулациите да бидат подготвени за пролетните дождови и топењето на снегот од планините.

Поради неспособноста на раководството на ЕЛЕМ државата не произведе електрична енергија во вредност од половина милион евра, а во истиот тој период купуваше електрична енергија од странство.

Покрај финансиската штета од изгубено производство на електрична енергија, раководството на АД ЕЛЕМ е одговорно и за поплавите во Охридско кој нанесоа огромни материјални штети долж целото крајбрежје. Штети кои владата се уште ги нема проценето, а камо ли обештетено.

Раководството на АД ЕЛЕМ треба веднаш понесе одговорност и да си даде оставка, поради неспособноста која во повеќе наврати ја покажа во изминатиот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2018 23:17