Владеење на ВМРО-ДПМНЕ покажа добри економски резултати и добра економска стабилност. Со нашето раководење од 10 години покажавме добра економска статистика, економски план и развој, дури и тогаш кога целата економија беше во криза, рече Митко Јанчев потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата Само вистина.
Јанчев поради од владата на СДСМ веднаш да почне да ја подобрува економската клима во Македонија, бидејќи моменталната ситуација во економијата во Македонија била катастрофална и загрижувачка за граѓаните.
Ќе го споменам Кавадарци, таму претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ донесе странска инвестиција и вработи 6200 вработувања, Дрекселмајер. Ова само покажува дека Македонија има добри предуслови за работа и инвестирање, потенцираше Јанчев.
Според него затворање на рудникот Казандол прави стагнација и лоша слика кај инвеститорите, а се загрозува и животната егзистенција на вработените во рудникот.