Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто во емисијата „Ѕид“ на телевизијата Алфа рече дека се поставува прашањето дали со транскрипти од „бомбите“ за случајот „Монструм“ биле уценувани личности од сегашната влада.
-Транскрипти кои видовме дека овие луѓе, кои претходно биле обвинети за егзекуција на овие млади човечки животи биле во постојан контакт со личност која што е дел од вашата сега коалиција. Се поставува прашањето дали можеби таа личност била уценета од вас цело време, за да биде ваш верен поддржувач и поданик, потенцира Мицкоски.
Вели дека во овој случај има многу дилеми, злоупотреби, ниски страсти, злоупотреби на чувствата на луѓето.
Според него, црната кампања, лагите и злоупотребите со чувствата на родителите на убиените сега му се удираат од главата на премиерот Зоран Заев.