Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Ѕид на ТВ Алфа кажа дека опозицијата не е информирана за преговорите во спорот за името со Грција. Мицкоски посочува дека опозицијата се информира од медиумите и јавноста за преговорите што ги води владата.

– Последната информација која ја има опозицијата е онаа информација која што ја добивме на состанокот на оној лидерски состанок што го имавме во клубот на пратеници некаде кон крајот на јануари месец. Каде што сетот на идеи што беше презентиран од медијаторот Метју Нимиц, кој што всушност ни беше претставен и на нас, кој што помалку или повеќе и беше познат на јавноста вели Мицкоски.

Мицкоски ги посочи интервјуата во изминативе месеци, на премиерот на вицепремиерот за евроинтеграции, на министерот за надворешни работи, па дури и брифингот за новинари каде што беше кажано дека опозицијата е информирана за секој детал.

-Јас категорично можам да кажам дека тоа не е точно, туку можам да кажам и дека е лага и во име на тоа би сакал да поставам три прашања и би сакал да добијам одговори на истите, рече Мицкоски.

– Дали опозицијата е запознаена со предлогот што грчката страна го презентираше пред владините претставници за време на првата посета на министерот Коѕијас? Од јавноста дознавме дека е содржан на дваесет страни, мислејќи на грчкиот предлог, запраша Мицкоски.

Како второ, тој праша, дали потоа одговорот кој што го даде владата врз основа на тој предлог кој што беше опишан на 5 страни и го презентираше на опозицијата? И како трето прашање од Мицкоски, дали беше консултирана опозицијата со тој одговор на грчкиот предлог. И конечно дали, слушам дека има т.н. предлог меѓународен договор меѓу Република Македонија и Грција?

Мицкоски констатираше дека, доколку одговорот на овие прашања на владините претставници е не, а не може да биде поинаков, значи одговорот ќе биде не, тогаш треба да и се извинат на македонската јавност но и на опозицијата зошто брутално ја манипулирале. Не само што опозицијата не е информирано туку и некако егзибиционистички се води целиот овој процес.

– Преговараме преку нарачани текстови во неделници најчесто во земји кои што не се Грција и Република Македонија, што му дава еден вид несериозен пристап во овој процес, заклучи Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 00:51