Во организација на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, денеска ќе се одржи Меѓународна конференција на тема „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странски инвеститори“.

На настанот е најавено обраќање на Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Дарко Данев декан на Машинскиот факултет во Скопје и Роберт Миновски од Машинскиот факултет – Скопје.

Во рамки на настанот ќе се дебатира за можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, со цел да се зацврстат меѓусебните врски, а ќе бидат презентирани и успешни приказни на веќе воспоставената соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 08:05