Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Димитар Богов, од денеска учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

Предвидено е делегацијата да има средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка, Централната банка на Европа и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во рамки на средбите закажани се состаноци со заменик претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот за Југоисточна Европа на Линда Ван Гелдер, со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк, со Пол Томсен, извршен директор на ММФ за Европа и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Јасмин Рахман.

Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со двете институции.

Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и потикнување на економскиот раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 08:10