Германија и Франција се договорија за заедничка позиција за реформи на еврото најдоцна до јуни, и покрај германската колебливост во врска со поголема монетарна унија. Ваквиот став е договорен при вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин. Макрон претходно ги прифати идеите на Европската Комисија (ЕК) за создавање заеднички систем за гарантирање на депозитите, ЕУ фонд за спасување, како и буџет на Еврозоната и министерство за финансии.

Реформите се чекори кои треба да покажат дека ЕУ може да живее политички и без Обединетото Кралство и да спречи повторување на финансиска криза како таа од 2008 година.

Сепак, Германија е сè уште колеблива во поглед на финансирање од својот буџет на ваквите крупни зафати. И покрај ентузијазмот на францускиот претседател, кој повика на финансиска стабилност и опсежно зборуваше за реформите, Меркел беше поповлечена.

– Секогаш има различни појдовни точки кога станува збор за ставовите на Германија и Франција. Потребни ни се отворени дебати и ни треба подготвеност за компромис – рече таа. Амбасадорката е поранешна актерка, вдовица на Фред Сендс кој заработи милиони инвестирајќи на пазарот на недвижност. Вилата е изградена во 2002 година, во стил на класична италијанска вила на два ката.

Сместена во Бел Ер во Лос Анџелес, вилата се простира на 1.470 метри квадратни, и се состои од четири спални соби, пространи соби за дневен престој, девет бањи и совршено уреден двор. Има високи плафони и подови од квалитетно дрво.

Елегантната атмосфера ја надополнува комфорната трпезарија со светкави лустери и двојна врата.

Идните сопственици ќе можат да уживаат и во камин во главната спална, како и во канцеларијата-библиотека и барот што се наоѓаат на неколку чекори.

Тука е и големата гаража којашто собира десет автомобил.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 11:05