Во Македонија во моментов се води само дискусија за промена на персоналниот данок, а сите останати даноци и понатаму остануваат исти, оцени денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

- Данокот на добивка, данокот на имот и сите останати даноци остануваат исти и не се под прашање. Предмет на дискусија во Владата е само прагот на платата над која ќе се зголеми персоналниот данок. Таа дискусија ќе ја прошириме со целокупната зантересирана јавност и сите чинители на економското живеење во земјава, изјави вицепремеирот Анѓушев, одоговарајќи на прашање по промоцијата на Прекотот за зголемување на компетитивноста на малите и средните претпријатија во земјава со цел да се подобри нивната соработка со странскте инвестиции.

Тој потенцира дека зголемувањето на персоналниот данок за одредена категорија граѓани претставува социјална правда и порамномерен товар на даночната политика.

- Секоја држава носи сопствена даночна политика така како што цени дека ќе биде атрактивна за економијата, рече Анѓушев и додаде дека даночната политика во Република Македонија е усогласена со политиката во Европската унија.

Во земјава, како што посочи, во делот на фискалната политика покрај ставање под контрола на сивата економија има и простор за други типови на поголема фискална дисциплина, пред се, кај трансферните цени на компаниите кои имаат свои компании ќерки во другите држави.

- Спорен е начинот на префактурирање, односно на наплаќање или ценовната политика на компаниите кога си продаваат компанија мајка на ќерка од една во друга држава. Тоа е причината за многу пропаднати фабрики во земјава како и една од најголемите причини поради кои Фени дојде во ситуацијата во која дојде, рече Анѓушев и посочи дека треба да се зголеми имплементацијата на легислативата за трансферни цени.

Нагласи дека во овој дел има можност за големо подобрување за да се заштитат даночните приходи во Македонија и полнењето на Буџетот.

- Покрај тоа, продажбата во земјоделството се одвива директно од нива на кванташки пазар и се завршува надвор од финансиските текови. Мора да работиме и на тоа, но периодот од 10 месеци е прекраток да се анулираат сите работи. Сепак добро е што се нотирани, заклучи Анѓушев.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2018 12:26