СДСМ ги лажеше младите. Младите денес живеат полошо од пред една година. Власта не го слуша нивниот глас, ниту пак ги решава нивните проблеми.
Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев, ветуваа дека на младите четири месеци по завршување на нивното образование државата ќе им гарантира вработување, пракса, или дообучување, а доколку сакаат да го продолжат своето образование истата во тоа ќе му помогне. Ветија и излажаа. Ништо од тоа не е случај денес.
Овој проект, кој го нарекоа младинска гаранција е најголемата лага на СДСМ. Тие се обврзаа со својата програма дека истиот ќе биде реализиран во првите шест месеци по преземање на власта, поминаа 11 месеци, ова ветување не само што не е реализирано, туку и очигледно нема никогаш да се реализира.
Младите се најголемата жртва на лагите на СДСМ. Ветуваа брда и долини, голем број мерки и проекти само за да го добијат нивниот глас. Веќе 11 месеци се на власт, а за младите немаат направено ништо.
Нема вработување за младите, нема пракса, нема дообуки, нема помош за нивното образование.
Ветувањата за подобри услови за студирање се заменети со вработување по партиски клуч и непотизам. Младите се оставени на маргините на општеството и никој не го слуша нивниот глас. Нивните потреби се занемарени, со стапувањето на Заев, Дескоска и Богоев на функција.
Ги убедуваа и лажеа младите се со цел да ги добијат нивните гласови. Младите гледаат дека се изманипулирани. Оваа влада 11 месеци нема ништо направено за младите. СДСМ не може, не знае и нема капацитет да направи нешто позитивно за младите.
Оваа власт, која е глува на младинските барања, мора да си замине. Младите заслужуваат подобро. Младите заслужуваат подобро.