Монструозни се манипулациите на Заев со семејствата на брутално масакрираните момчиња кај Смилковското езеро. Заев е најодговорен што во моментов нема ниту еден виновник за грозоморната ликвидација зад решетки.
Наместо правда Зоран Заев во Македонија донесе туѓа платформа и своите концесии. До каде е Зоран Заев подготвен да оди за да го заштити својот коалиционен партнер? До каде е Зоран Заев подготвен да оди за да ја зачува премиерската фотелја?
Чии интереси штити Заев и кого тој покрива во случајот „Монструм“? Зошто не им ја каже на семејствата на убиените вистината која што тврдеше дека ја знае?
Во услови на заробена држава и судство сервилно кон СДСМ и Зоран Заев, овој случај нема да добие судска разрешница ниту пак ќе биде задоволена правдата. Правда ќе има само кога Зоран Заев ќе замине од власт и ќе ги ослободи заробените институции.