Оваа влада најавува инфраструктурен бум, а немаат ниту еден свој проект, најавуваат нови проекти, а се китат со проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат силна економија и силно градежништво, а моментално на ова поле тонеме како најслаба земја во Европа, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

-Наместо празни зборови и пресови ФАТЕТЕ СЕ ЗА РАБОТА!!! После скоро една година увидовте дека проектите од инфраструктурата што ги започна ВМРО-ДПМНЕ се добри за сите граѓани и најавувате дека ЌЕ ги започнете и довршите, а од друга страна еден готов автопат неможете да го пуштите во употреба. ВМРО-ДПМНЕ било и ќе биде симбол за нови проекти, како во минатото така и во иднина ќе го покажува тоа со дела, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2018 20:44