Градоначалникот на Скопје досега потпиша два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон, со две странски компании.
Целта на користењето на овие автобуси според објаснувањата на градоначалникот е дека потребно биле да се испитаат техничките карактеристики на автобусите кои подоцна би се набавиле.
Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси.
Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер.
Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога не знае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка?
Кои се мотивите и дали станува збор за однапред договорена зделка чија вредност е неколку милиони евра. Дали договарањето во 4 очи беше причината поради која владата го укина советот за јавни набавки.
Практично потпишувањето на вакви меморандуми преставува замајување на јавноста и купување на време во отсуство на големи и значајни проекти за Градот Скопје.
Сосема на крај, добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка Ауди кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Се прашуваме кој лаже МВР или градоначалникот Шилегов?