Соопштение до јавноста, реакција на видео обраќањето на Бујар Османи

Еве што Бујар Османи заборави да каже во видео обраќањето:

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“.

Јавноста ја интересира дали Бујар Османи и владата на Заев се задоволни од нивото на корупција кое го нотира и Европската комисија и зошто не се пофали дека за една година ја спуштија Македонија за 17 места на листата на Транспаренси меѓу земји како Танзанија, Замбија, Брегот на Слоновата Коска и други Африкански држави.

Бујар Османи е должен да објасни што има позитивно во констатацијата „Се крие опсегот на користење на времените вработувања во јавната администрација што доведува до загриженост во однос на почитување на мерит системот. Владата не обезбеди податоци за договорите за определено време почнувајќи од 1 јануари.“ Дали причина за ова е вработувањето на ќерката на Талат Џафери, синот на Мирослав Грчев или сопругот на Магдалена Несторовска во ЕЛЕМ и илјадниците слични случаи?

Зошто Османи и Заев се среќни со нотирањето „клучни слабости во економијата“ и „недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата сеуште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајните недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено јавната инфраструктура“.

Добро е што Македонија повторно ја врати безусловната препорака која што ја имаше шест години по ред, но како што истакна и еврокомесарот, препораката сама по себе не значи многу доколку не резултира со датум за отпочнување преговори.

Датум за преговори се уште нема, но затоа секојдневно јавноста е сведок на наместени милионски тендери, расипничко однесување на владата, економска стагнација, непотизам и вработување на цели семејства на актуелни функционери во државните компании.

За една година власт на неспособната влада на СДСМ и ДУИ не успеа да обезбеди попристоен живот за никој во Македонија освен за криминалниот клан близок до Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2018 21:06