ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно се загуби во лажните вести што секојдневно ги создава и пласира. Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ вчера тврдеа едно а денеска друго.
Вчера, ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека на работниците од споменатата компанија им се плаќа по 97 денари за час работа, а денеска велат 75 денари за час работа. Утре може да очекуваме трета лажна бројка.
Се покажува дека ширењето на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ достигна очајно ниво. Таквото паушално изнесување на едни инфрмации вчера, поинакви информации денеска, само потврдува дека опозициската партија не е заинтересирана за реалната состојба туку дека ширањето лажни вести е нивната единствена цел и стратегија.
Наместо да шират лажни вести во кои и самите не веруваат, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и јавно да одговорат на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога Мицкоски раководел со АД ЕЛЕМ.