Темната страна во новата историја на Македонија има назив, име и презиме а тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Во историјата на Македонија не постои потемно поглавје од 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за остварување на криминални интереси, човековите права беа погазувани, а Македонија беше изолирана и заробена држава.

Тоа темно поглавје после 11 години е завршено, граѓаните избраа промени, Македонија заврте светла страница на иднината, напредокот, заедништвото. Граѓаните ја живеат светлата страна и не сакаат некој да ги враќа во назад, во темното минато.

Очигледно дека Христијан Мицкоски нема капацитет да ја промени ВМРО-ДПМНЕ во вистинска демократска партија и затоа продолжува да оди по стапките на неговиот претходник Никола Груевски. Затоа денеска ВМРО-ДПМНЕ со Мицковски не може политички да се идентификува со напредните, демократски сили во општеството. Прашање е дали и самиот Мицковски верува во она што го говори, обидувајќи се да ги обрани погрешните политики на Груевски.

Јавноста многу добро знае за функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како власт, граѓаните добро знаат за земените провизии, за пропустите во патиштата и инфраструктурата, за нарачаните судски процеси и пресуди.

Граѓаните секојдневно ги гледаат и чувствуваат придобивките од одговорното работење на Владата која посветено, одговорно и транспарентно ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, квалитетен живот, повисок животен стандард и ја градат Македонија како модерна држава, земја на едно општество и пријател на соседите, нешто што е чиста спротивност од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2018 21:21