Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски

СДСМ преку договор склучен во четири очи се фатени во милионски криминал со државни пари во АД ЕЛЕМ.

СВ-Инвест и РЕК Битола имаат склучено договор за ангажирање на работници по цена од 197 денари од час по работник, но на работниците им исплаќа само по 75 денари од час, што се потврдува и од уплатниците на работниците со кои располагаме.

СДСМ и раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговорат каде завршуваат над 13 милиони денари од 21 милионскиот договор за ангажирање на работници, склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест. Дали овие пари наменети за работниците завршуваат во нечии приватни џебови и за која намена?

Дали токму тоа беше причината за да се поништи транспаренттната и редовна постапка и да се склучи 21 милионскиот договор во четири очи со фирмата СВ - Инвест?

Јавноста се уште чека одговор и зошто фирмата СВ-Инвест ќе добива 197 денари за работник по час, за услуга за која претходно беше наплаќано само 120 денари. Што се смени за цената одеднаш да порасне за 77 денари?

СДСМ и раководството на ЕЛЕМ треба да им објаснат на граѓаните и на работниците на кој начин се трошат нивните пари. Граѓаните мора да знаат каде расипничката влада на СДСМ ги троши нивните пари .

Криминалното трошење на парите на граѓаните мора да запре. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2018 21:22