Лидерот на антивладините протести во Ерменија Никол Пашинјан беше уапсен. Тоа го соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител на земјата.

Пратеникот и лидер на опозицијата Никол Пашинјан, како и уште двајца парламентарци од опозицијата, „биле приведени, додека вршеле активности опасни за општеството", прецизира обвинителството во соопштението.

На демонстрациите, кои се одржуваат веќе 10 дена, демонстрантите бараат повлекување од власта на поранешниот претседател Серж Саркисјан, кој пред неколку дена беше избран за премиер со засилени овластувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2018 21:40