Левица објави документ добиен од свиркач, според кој новиот директор на ЈП „Улици и патишта“, си ја покачил платата од 1.000 на над 1.700 евра.

„По дојава од наш „свиркач“ во ЈП Улици и патишта, обзнануваме дека тамошниот ДИРЕКТОР, поставен од новата власт на Град Скопје – господинот Сенад Сенко Смаиловиќ си ја качил сопствената плата од 1.000 ЕУР (колку што заработувал неговиот претходник), на над 1.700 ЕУР!!!

Па така, овој млад и амбициозен социјалдемократ, сега заработува повеќе дури и од премиерот 😉“

Ги замолуваме сите независни и истражувачки новинари, во име на јавниот интерес, да го испитаат овој случај на уште едно недомаќинско работење на новите јавни функционери поставени од СДСМ, а платени со народни пари.

Истовремено, го повикуваме градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, по службена должност, итно да го разреши овој аздисан директор!“, објави Левица

Левица: Младиот директор од СДСМ, си ја покачи платата на 1.700 евра, зема повеќе од Зоран Заев


Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2018 22:38