Речиси десет години, Даг Тејлор, менаџер за продажба кој патува до работа, сметките за кредитната картичка ги потпишувал со цртеж на куче кое мафта со опашката.

Ниту еден од тие „потписи“ никогаш не бил отфрлен како неважечки.

Мрежите на кредитните картички најпосле се подготвени да го признаат она што на американските купувачи и продавачи им беше јасно со години: потписите не се добар начин да се докаже нечиј идентитет. Овој месец, четири најголеми мрежи – Американ Експрес, Дискавер, Мастеркард и Виса – ќе престанат да ги бараат за да се доврши трансакцијата.

Потписот, со векови стар начин за верификација на идентитетот, рапидно исчезнува. Персоналните чекови се анахронизам. Писмата напишани со мастило се реткост. Кога ќе исчезнат и потписите од кредитните картички, потписите ќе се користат во специјални прилики: кога ќе договорите огромна трансакција како купување куќа или кога барате автограм од позната личност – кој се почесто се заменува со селфи. (Промената е изборна: продавачите ќе одлучуваат дали им требаат).

Комапниите за кредитни картички кои ги покриваат трошоците во случаи на измама со кретина картичка, пред повеќе од десет години почнаа во картичките да ставаат микрочипови. Чиповите содржат единствени кодови за секоја трансакција поради што е се потешко картичките да се копираат. Чиповите веќе подолго време се популарни во Европа и Азија.

- Потписот го надмина својот корисен живот, изјави Линда Киркпатрик, извршен директор на Мастеркард.

Беше потрребен речиси век технологијата да го надвладее потписот. Платежната картичка потекнува уште од 1920-тите, кога продавниците издавале изгравирани метални плочки со кои на муштериите им овозможувале да купат стока на почек.

Триесетина години подоцна, банките и трговските мрежи претставија картички, кои функционирале кај различни продавачи. До крајот на 1950-тите, купувачите можеле да излезат од дома без готовина и да купуваат прехранбени производи, гориво и да вечераат на потпис.

Кога онлајн купувањето стана популарно, измислен е нов систем за детектирање измами.

Марк Маклоф, комичар од Њујорк и неговиот пријател Грег Бенсон поставија на ЈуТјуб видео кои живо опишува колку денес се игнорирани потписите на сметките.

Тие купувале по многу продавници во Лос Анџелес потпишувајќи се со лажни имиња: Џастин Бибер, Џесика Алба, Вин Дизел, Опра. На една сметка дури напишале „Господин Лажно Име“.

Ниту еден потпис не е отфрлен.

- Петнаест години претходно, десет години претходно би го погледнале потписот и би побарале лична карта ако делувал сомнително, вели Малкоф. „Сега никоку не му е гајле. Потписот е најбескорисна, најнепотребна работа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 08:39