Централната банка на Иран официјално забрани употреба на криптовалути во финансиските трансакции со цел да спречи кривични дела, како што е перење на пари и тероризам.

Забраната се однесува на сите монетарни и финансиски ценрти во земјата, вклучително банки, финансиски институции и менувачници.

Одлуката е дел од напорите на иранските власти да го контролираат пазарот на валути откако вредноста на ријалот овој месец има најмала вредност во историјата на Иран.

Иако употребата на криптовалутите, како биткоинот, никогаш не беше одобрена во Иран, тие беа достапни на паралелените пазари.

Криптовалутите се креираат и разменуваат независно од банките или владите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 10:38