Грција треба да продолжи да ги применува договорените структурни реформи и по повлекувањето на земјата од програмите за спас, ако сака да постигне олеснување на својот долг, изјави заменик-претседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис во интервју за весникот „Катимерини“.
Четири месеци пред крајот на третата последна спасувачка програма, Домбровскис изрази уверување дека Грција ќе успее успешно да го финализира претстојната четврта ревизија на програмата и таа да зврши во август како што е планирано, за да може земјата да се врати на пазарите.
- Многу е важно пазарите да гледаат со доверба на грчката економија и на одржливоста на грчкиот долг... токму затоа грчката Влада мора да остане на вистинскиот пат и да продолжи да ги применува структурните реформи и да се придржува кон буџетските цели, истакна потпретседател на Европската комисија.