Шефот на сериите ДТМ и поранешен пилот на Ферари и Мекларен, Герхард Бергер тврди дека Порше размислува за влез во Формула 1.
Неодамна се појавија снимки од успешниот обид на Порше да го подобрат Ф1 рекордот на Спа-Франкошамп со модифициран автомобил од Ле Ман. Ова е уште еден доказ дека компанијата е заинтересирана да се приклучи на најпрестижниот шампионат.
- Порше размислува за влез во Ф1 во 2021 година. Тие само ги чекаат новите правила за моторите што ќе излезат во мај. Потоа ќе донесат одлука, изјави Бергер за Авто Билд.
Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун пред некое време изјави дека „Либерти Медиа“ би сакале да ги видат Порше на стартната линија.
- Сакаме да имаме големи имиња како Порше во Формула 1 и се трудиме да создадеме услови тоа да се случи, потврдија од американската компанија.