Преку лошите и погубни политики кои имаа за цел единствено остварување на нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави уништен здравствен систем, потценет медицински персонал и погазени права на пациетните, а здравството во Македонија беше едно од најсмртоносните во Европа.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, којашто набавуваше лабораториска опрема која заради несоодветноста се уште не е во употреба и чија цена е далеку од вистинската пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство со ваквиот начин на набавка имаат намера да овозможат штеди и истовремено да се подобри квалитетот на здравствените услуги.
Централизираната набавка ќе овозмжи рационализација, избегнување на двојните анализи и воведување електронски систем во лабораториите. Како резултат на ова, набавките ќе бидат по мерка, а ќе се искористат и ефектите од економии од обем. На тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови.
Од друга страна, идивидуалното носење одлуки на дел од поранешните директори во јавните здравствени установи кулминираше со кривични пријави за начинот на набавка на медицинска опрема и затоа, лицемерно е ВМРО- ДПМНЕ да зборува за криминал. Меѓу другото, голема е веројатноста позади денешата прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ да стојат приватни лаборатории кои како блиски до тогашната власт функционирале врз принципот на монопол.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.