Занаетчиската комора Скопје денеска ќе додели плакети на занаетчии и дипломи за мајстори фризери во рамки на проектот „Зголемување на конкуретност во занаетчискиот сектор“.

Целта е да се подобри имиџот на занаетчиството и тоа да стане значаен фактор во развојот на економијата, како и да се подобри квалитетот на занаетчиските производи и услуги.

Ќе бидат избрани успешни занаетчии во пет категории и тоа мајстор занаетчија за животно дело, млад истакнат занаетчија, успешна жена занаетчија, занаетчија во модерниот дизајн и успешен занаетчија за 2017 година. На десет лица ќе им бидат доделени дипломи за мајстор фризер.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за економија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 08:20