Американскиот производител на уреди за домаќинството Вирлпул постигна договор со јапонскиот Нидек да му ја продаде својата компанија Ембрако во Бразил за 1,08 милијарди долари.

Ембрако е производител на компресори кои се користат пред се во производството на фрижидери. Од 1990-ите години, Вирлпул е мнозински сопственик на бразилската компанија која има 10.000 вработени.

Јапонците ќе го купат Ембрако без неговиот погон во Италија, кој е предвидено да биде затворен, а производството треба да биде пренасочено кон фабриката што Ембрако ја има во Словачка.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 09:28