Зголемување на процентот на користење на ИПАРД фондовите во адаптирањето на земјоделството во Македонија со стандардите на Европската унија има за цел проектот за „Вклучување на родовите аспекти во руралниот и земјоделскиот развој“ што ќе биде презентиран денеска во Скопје.
Во исто време преку испораката на советодавни и образовни услуги и преку подобрување на квалитетот на информациите и обуките доставени до граѓаните со посебен фокус на жените и младите ќе се поттикне вклучувањето на родовите аспекти во земјоделските политики и руралниот развој во земјата.
Проектот ќе го промовираат Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со Здружението за локален и рурален развој и Рурална коалиција-Куманово.
На настанот ќе се промовира и проектот Вмрежување за успех, што го спроведува Националниот совет за родова рамноправност во партнерство со Отворена Врата - Косово. Проектот е финансиран од Европската Унија од ИПА II програмата за прекугранична соработка Косово - Македонија 2014-2020.