За ефикасно спроведување на царинските процедури во прекуграничното движење на стоките и адекватното спроведување на даночната политика, како едни од клучните фактори што влијаат на конкурентноста на македонската економија во меѓународни рамки, Стопанската комора на Македонија организира работен појадок на компаниите-членки со директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски и со директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

На средбата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето на Стопанската комора за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во тековното работење. Целта е преку заеднички придонес на сите засегнати страни да се поедностават, модернизираат и хармонизираат царинските и даночните постапки, како и да се надминат отворените прашања во оваа област.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 08:29