Лицемерно, дрско и несериозно e ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто со 11 годишното криминално, коруптивно и расипничко владеење, граѓаните ги задолжи и ги осиромаши, денес да зборува за враќањето истите тие долгови.

Најмалку ВМРО-ДПМНЕ може да зборува за економија после пустошот што го остави зад себе и штетите што ги нанесе.

Токму ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот, трошејќи ги парите од скапите задолжувања на луксуз, барок, споменици и палми. Поради целосната негрижа за граѓаните и нивните интереси, погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ драстично ја зголемија нееднаквоста помеѓу граѓаните.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ минатата година успеа да обезбеди највисоко ниво на реализација на капиталните инвестиции. За првпат по неколку години, долгот во 2017 година забележа пад, намалена е фреквенцијата на задолжување, тоа се врши по најниски каматни стапки и за првпат Министерството за финансии има стратегија за управување со јавниот и државниот долг.

ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави економија со пад од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017, а со успешните политики на Владата предводена од СДСМ, економскиот раст во последниот квартал од 2017 година изнесуваше 1,2 отсто.

Бројни економски параметри ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, граѓаните ги чувствуваат придобивките од работата на Владата предводена од СДСМ и затоа, очајни и несериозни се празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ во коишто никој повеќе не верува.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 12:21