Цената на нафтата денеска изнесуваше околу 74 долари за барел, што претставува пад, но сепак е една од највисоките цени во изминатите три години.

Порастот на побарувачката, намалување на производството во повеќе региони и воените ризици придонесуваат кон високата цена на нафтата. Со приближувањето на рокот до кога САД најавија дека ќе се изјаснат за иранскиот нуклеарен договор, се очекува дека нафтата може наскоро да се искачи и над 75 долари за барел.

Среднорочните и долгорочните проекции укажуваат дека нафтата ќе чини над 70 долари за барел во текот на 2018 година и ќе биде над 60 долари до крајот на 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 12:44