На 24.04.2018 година во 12.00 во Полициската станица Струга, од страна на З.С. било пријавено оштетување на врата од канцеларијата на политичка партија лоцирана на улицата „Славеј Планина“. Увидна екипа од Полициската станица Струга извршила крим-техничка обработка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 24.04.2018 година околу 17.45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ непознато лице фрлило со нож кон патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици кое било во движење а управувано од А.М. (23) кој бил со двајца сопатници М.И. (23) и Б.Н.(22). Оштетена била задната шофершајбна на возилото а повредени лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот