Со концерти на уметници од Македонија и од странство „Авалон продукција“ одбележува 25 години од своето постоење.

- Во рамки на јубилејот, подготвивме исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена. Концертната сезона ја стартувавме кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на „Тото“, во април со концертот на Јосипа Лисац, соопшти „Авалон продукција“.

Ѓорѓе Балашевиќ ќе одржи концерт на 19 мај годинава во ВИП Арена- Скопје, а македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 13:46