Граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти, а не еуфорични прес конференции. Зоран Заев и картелот на власт ја влошија бизнис климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите.
Заев ветуваше проект младинска гаранција, со ветување дека ќе го реализира во првите шест месеци од новата Влада и ќе нуди вработување или дообразување на младите по завршување на нивното образование. Овој проект не го реализира.
Заев ветуваше 22 милиони евра активни мерки уште првата година од мандатот, Заев излажа.
Наместо поволности, граѓаните добија покачени даноци, акциза на дизелот зголемена за 3,5 денари и најава за покачување на данокот на доход. Економијата наместо раст доживува стагнација.
Картелот на власт на чело со Заев не исполни ниту едно ветување дадено кон граѓаните и бизнис секторот.
Економијата по долго време раст првпат се соочи со стагнација. Раст на БДП минатата година немаше. Тоа е показател дека власта не знае да работи, нема план, нема визија за државата.
Како што забележа и ЕК во извештајот оваа година државата се соочува со голема стапка на сива економија. Тоа е проблем кој Заев и картелот кој го води не го решаваат, туку го потискаат.
Економското цунами Заев - Тевдовски - Анѓушев ја уништија економијата и ја уназадуваат Република Македонија.