Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани,

Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев продолжува да ве лаже.

После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад.

Екстремен пад кој се должи на неспособноста на владата и неуспехот на владините економски политики.

Нема поголем доказ за економското цунами на владата од падот на просечната нето исплатената плата.

И официјално просечната плата од 500 евра е лажно и недостижно ветување на премиерот Заев и владата.

Розевата слика за која говори премиерот Заев и економските министри не постои, таа е лажна. Доказ за тоа е дијаграмскиот приказ на нето исплатена просечна плата во Република Македонија во првиот и вториот месец.

Оваа компаративна анализа кажува дека просечно нето исплатената плата во вториот месец е за 867 денари помала од таа што била исплатена во првиот месец, или е намалена за цели 3,6 проценти.

Вртоглав пад се забележува и во неколку други клучни сектори а тоа можеме да го забележиме веќе на следниот слајд каде што се компарирани два клучни сектори и тоа секторот рударство и секторот уметност, забава и рекреација.

Во секторот рударство просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е помала за 9,9 проценти, а во секторот уметност, забава и рекреација просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е за цели 26,4 проценти помала.

Анализиравме и други три клучни сектори кои што можете да ги видите на следниот слајд, каде што сее дадени секторите земјоделие, транспорт и снабдување со електрична енергија.

Просечната нето исплатена просечна плата во вториот месец во секторот земјоделие е за цели 6,11 проценти помала споредено со таа во првиот месец. Истото се случува и во секторот снабдување со електрична енергија, имаме намалување на просечно исплатената нето плата за цели 6,3 проценти споредено втори со први месец 2018-тата година. Истото се случува и во секторот транспорт каде што имаме помала исплатена нето плата во вториот споредена со првиот месец во 2018-тата година за цели 11,7 проценти.

Почитувани граѓани,

Ова директно ќе влијае на падот на стандардот на вас. Тоа значи дека се намалува вашата куповна моќ и дека вие осиромашувате.

Животот станува се потежок, а владата нема план. Ова мора да престане.

И покрај катастрофалната ситуација на економијата и покрај катастрофална цунами економска политика, граѓаните на Република Македонија е треба да губат надеж.

Доаѓа ново утро, доаѓа нов дух, нова енергија, доаѓа нова надеж за Република Македонија!



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 14:41