Повеќе од 3.600 тони храна и 9,7 милиони литри напитоци се отстранети од потрошувачкиот пазар за време на заедничката акција на Интерпол и Европол, насочена против храна и пијалаци што се шверцуваат или не ги исполнуваат условите.
Европол потенцира дека трговијата со шверцувана храна која не ги исполнува стандардите е голем бизнис и оти се вложуваат големи напори за да се запре тој глобален феномен.
Во рамки на истрагата „ОПСОН“ биле конфискувани големи количества расипано месо, хемиски обоена туна и шверцувано адаптирано млеко за бебиња.
Истрагата траела четири месеци, односно од декември 2017 до март 2018 година, а била спроведена во 67 држави.