Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ уште на првиот настап на АТП-турнирот во Барселона по три сета беше елиминиран од Словакот Мартин Клижан.
Ѓоковиќ не успеа да ја оправда фаворитската улога и загуби со 1:2 во сетови (2:6, 6:1, 3:6).
Словачкиот тенисер без многу проблеми го доби првиот сет, додека во вториот Ѓоковиќ се врати во игра и израмни.
Во третиот одлучувачки дел српскиот тенисер повторно потфрли и му дозволи на Клижан да го освои сетот и да триумфира.
Словакот по победата над Ѓоковиќ во второто коло се пласираше во осминафиналето каде ќе се соочи со Фелисијано Лопез.