Најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал го совлада без изгубен сет неговиот сонародник Роберто Карбаљес Баена во второто коло на АТП-турнирот во Барселона.
Иако Надал не играше на вообичаеното ниво сепак не му препушти ниту еден сет на 77-от играч на АТП-листата, а токму овој детаљ го одбележа натпреварот.
Имено Надал освои 38 сетови во низа на земјена подлога и го урна рекордот на романскиот тенисер Илие Настасе од 1973 година.
Шпанецот последен пат загуби сет на земјена подлога од австралискиот тенисер Доминик Тим на Мастерсот во Рим речиси пред една година