Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи Бизнис форум и деловни средби со бизнис делегацијата од Исламската Република Иран.
На Бизнис форумот ќе учествува и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Како што информираат од Стопанската комора, бизнис форумот има за цел ревитализација на економските врски и интензивирање на меѓусебната соработка меѓу двете земји.
Форумот го организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Исламската Република Иран во Република Македонија и Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделство.