Францускиот милијардер и бизнисмен Винсент Болоре е обвинет за корупција кон странско официјално лице и измама.

Болоре е осомничен дека добил концесии за пристаништа во Того и Гвинеја, во замена за политички советодавни услуги за локалните власти по вештачки снижени цени.

И против генералниот директор на Болоре Груп, Жил Аликс се покренати истите обвиненија.

Винсент Болоре има бизниси во различни сектори, како што се транспорт, медиуми и нафта.

Според магазинот „Форбс“, 66-годишниот Болоре е деветтиот најбогат човек во Франција, чие богатство е проценето на седум милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 11:22