Наместо да се удварате на Владата треба да ги браните интересите на пратениците и да барате транспарентност и сериозност од страна на министрите. Токму затоа барам на сајтот на Собранието да ги објавите сите писмено поставени прашања кои немаат одговор од страна на надлежните министри, побара Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ откако неколку пратеници се пожалија дека со месеци чекаат одговори за писмените прашања кои ги поставиле.

Димовски исто така додаде дека Талат Џафери сериозно да ја третира седницата за поставување на пратенички прашања и во иднина да побара присуство на Владините преставници на седницата бидејќи на денешната седница пола министри не присуствувале.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 12:50