Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, ги сликаше пратениците на опозицијата на денешната собраниска седница на пратенички прашања откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, реагираше дека во салата се присутни само 13 членови на Владата иако Деловникот задолжува присуство на целата Владата.

На сликањето реагираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој му рече на премиерот да преземе мерки.

„Министре, седете долу и избришета ја снимката што ја направивте. Премиер, ве молам преземете мерки заради однесувањето на вашите министри. Ова е последно предупредување“, рече Џафери.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 12:59