Премиерот Зоран Заев одговарајќи на обвинувањата од опозицијата за наводи за корупција во Фени, кажа дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ некој го „препокривал“ работењето во комбинатот.

- Во ваше време некој го препокрива работењето на Фени, испумпани се повеќе од 50 милиони евра, пари надвор од државата, две години немаат завршна сметка. Некој да премижува на тоа прашање и апсолутно тоа се најважните причини зошто Фени беше пред ликвидација кога дојде оваа власт, рече Заев.

Премиерот рече дека поранешен министер за внатрешни работи организирал превоз, поранешен директор на УБК бил главен и за руда од Албанија и за се што се работело во приватни компании.

- Затоа се денес последиците, но не само за едно евро, создадовме компетативност и во моментот 50 милиони пари од надвор се влезени овде, исплатени се банките, 90 отсто од државата е исплатена, 18 отсто од други непокриени доверители се исплатени и до крај до 100 отсто ќе бидат сите исплатени. И гарантирана е инвестиција во репарација на печките и да му се даде иднина на Фени заради тоа што е важно за државата, важно е за кавадарчани, важно е за сите, важно е за Македонија, рече Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 13:22