АД „Електрани на Македонија” објави продажба на вишоци на електрична енергија во вкупна количина од 102.720 мегават часови што ќе се продаваат во јуни, јули и август 2018 година. За јуни ЕЛЕМ за продажба нуди 43.200 мегават часови, за јули 29.760, а за август 29.760 мегават часови електрична енергија.

Објавата и деталите за продажбата се дадена на веб страницата на АД ЕЛЕМ.

Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во четврток на 3 мај во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање, од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

- Најавената продажбата ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, зголемување на портфолиото на компанијата и подобрување на финансиската состојба. Исто така, сакаме да нагласиме дека во исто време снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи - домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите, велат од АД ЕЛЕМ.

Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, додаваат, е прва по подолг временски период. Прецизираат дека АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 година во вкупна количина од 16.000 мегават часови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 14:08